шири (гл.) - некој (зам.)

14. УБИВАЈ СО ЛАФ, А НЕ СО ПУШКА - тоа ли е тринаесеттата заповед за денес, ги шири некој рацете божем да те гушка, а гледаш: ти го плете надгробниот венец...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Рацете ѝ ги чувствуваше како меки ракавици што нежно го допираат и му шират некоја усреќувачка топлина што му се шири по целото тело.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Чувствуваше како полека се смирува и како во градите му се шири некоја топлина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ја стави раката, сè уште во волнена ракавица, на градите, таму од каде што ја чувствуваше топлината и сети како прстите му допреа нешто влажно.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)