чуе (гл.) - збор (имн.)

Од денот кога првпат го чув зборот - инспирација, тој во нашата куќа стана еден од најчесто употребуваните.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој очекуваше овој да го укори за дежурството, но кога ќе ги чуе зборовите на Луков сосем се изместува.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тогаш сите рекоа: Добро. Змејко тогаш првпат го чу зборот штрајк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со треперливи раце и трепетно срце го отвори ковертот, чекајќи однатре да ги чуе зборовите на својот љубен: „Се вратив, љубов моја, подготви се за невеста...“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога веќе си отишол Селман-ага, ќе го побарам и ќе го наговорам: тоа куче, што сакаше да ме заколе, да го отепа! (кинисува) А... и јас ќе му спомогнам! (Кинисува со брзи чекори да си оди, но се задржува на вратата да ги чуе зборовите на Антица).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Само си рече Со недели не ќе може да се чуе збор од Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)