чуе (гл.) - некој (зам.)

Виде ли или си чул некој да ја моли власта за тоа што моли в црква? Не! А знаеш зошто?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Му падна на ум како чуден факт дека никогаш не беше чул некој член на Партијата да запее сам и спонтано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се исплашија кога начуја дека по скалите некој се качува. Се чу некоја врева.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Прво разгледа да не го чуе некој.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но, сепак, потрча кон претсобјето со надеж дека ќе чуе некоја надежна вест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го побара домаќинот Хасан со надеж дека од него ќе чуе некое толкување, некое објаснување, некакво утешување. Домаќинот го немаше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Барем да чуеме некој абер. (Го зема филџанот).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И цел пат да гребам по ѕидовите од боксот: дали ќе чујам некој да ми се јави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, само што ќе чујат некое машко кашлање надвор, веднаш ќе се отпуштат на земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)