чувствува (гл.) - сосема (прил.)

Ако ликот е безличен, можеби тоа е затоа што и авторот не се чувствува сосема добро - некој му го допира лицето, но прстите, тие долги ковчести и груби прсти на стварноста, пропаѓаат во меката кожа, која како глина го поприма нивниот облик.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И со тие момчиња и моми се соживеав и честопати, кога се чувствувам сосема осамн, си зборувам со нив, макаршто одамна сме разделени...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Неколку минути се чувствуваше сосема нормално, освен што сега стана болно свесна за своето себе, за своето тело.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Уште еден обожавател, ништо повеќе – се засмеа таа кокетно од прегратката каде што, така барем мене ми се чинеше, се чувствуваше сосема сигурна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се чувствува сосема изгубен, беспомошен, и осамен; тогаш одненадеж сретнува странец кој зборува со неговиот јазик.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но, и пред нејзините сознанија, младиот Мајстор се чувствуваше сосема овоземски.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се чувствував сосема беспомошна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)