чувствува (гл.) - сосем (прил.)

Некаде во градот, во тоа беше сигурен, некој се чувствува сосем опуштено и мижуркајќи ја слуша омилената касета, проследена со ритмично тропкање на дождовните капки по прозорецот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се омажила во дваесет и второто лето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се случи она во што никогаш не би можела да поверува, иако секој ден ја стегнува и ја сподавува болка кога слуша како многу мајки и жени ги оплакуваат своите мажи и чеда...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Напиша дека се чувствува сосем здрава и се надева дека скоро ќе се види со Карл.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И одново тука, меѓу раздомените, кои со секој ден што одминува ја губат и надежта дека ќе се вратат на своите пепелишта и живеат со своите спомени и секој ден чувствуваат дека нема ништо пострашно од празнината, таа, меѓу овие старици и снеможени мажи, меѓу вдовиците и жените одделени од своите мажи, меѓу жените што секој ден намнисуваат за своите деца што се наоѓаат на фронт или под туѓи поднебја, меѓу постојано расплаканите и разврескани деца, сега се чувствува сосем сама. Сама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Брза зашто сонцето се навали над високата плаиина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)