чувствува (гл.) - онака (прил.)

Паметам колку се израдувавме и колкава среќа ѝ го озари лицето на тетка ми Боса.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Напати, зошто да не ја речам вистината, и јас посакувам да се чувствувам онака лефтерно како што се чувствуваше братучедот Благоја кога се појави пред нас и жив и ведар по она долго престојување под земјата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира, мислев на сè она што веќе го спомнав: на гласовите; на претрчувањата; па дури и на сите оние коридори што одвреме навреме заличуава на темни сокачиња од некое не осветлено гратче.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- И додека ја чувствував онака висината на мојот врат јас во себе се прашував Зар можело да се случи тетка Боса да се посомнева или да сфати дека во мене сѐ повеќе се намалува вербата во вистинитоста на она што се случуваше?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Саздо се чувствува онака како да е затечен во нешто лошо и подстанува од фотељата.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)