чувствува (гл.) - непријатно (прил.)

Сега сѐ уште недорасонет, шета со очите по собата и при секое помрднување, чкрипнуваат федерите на железниот кревет и тоа го чувствува непријатно и поболно отколку малаксаноста и истоштеноста во себе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Празното место на прстот каде што го носела повеќе години прстенот, сега го чувствува непријатно, чудно, како прстот да ѝ е пресечен и затоа чувствува како на тоа место мажот ѝ ја боцка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во пустината, зајдисонцето се разлева над оскудните растенија и животни чиишто имиња не можеш да ги изговориш, а пред чиишто мириси се чувствуваш непријатно како туѓинец што го ремети мирот на нечиј дом.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Правам да се чувствуваат непријатно во моето друштво.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Колку се чувствувам непријатно...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Само Ѓурчин патем напомена дека се чувствувал непријатно кога е принуден да го употребува потписот за да се спротнат одлуки за кои не постојат лични барања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој сметал дека станува збор за праведно решение кое за жал не е поткрепено со лична молба, а на суштинскиот дел му недостасувале и валидни податоци; притоа барањето пристигнало со прилично задоцнување, што се сметало за спротивно на духот на прописите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се чувствував непријатно, како да сум се замирисал од огромниот напор сѐ да изедам и некако да ги спречам цревата да ми бучат, а покрај тоа, кога се веднев да ги гушнам братучедите кои беа малку пониски од мене, во стомакот добивав болки како некој да ме боде со нож.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На тетка ми претходно ѝ соопштив дека би сакал да се истуширам, па пресметав дека така ќе добијам уште повеќе време за да се олеснам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Да, навистина, - се обидов и јас да направам тетка ми да не се чувствува непријатно поради нејзината реакција со тоа што ќе ѝ дадам комплимент, - оваа куќа е најубавата и најблескавата куќа во која сум бил, навистина! - и ентузијастично кимнав со главата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Значи, проблемот не беше во него, туку во тоа што се чувствував непријатно да го користам тоалетот и да одам по голема нужда кога пријателот ми беше во соба - а по првиот ден, кога успеав да одам во тоалет на мир, додека тој се задржа во бифето со една убава учесничка на конференцијата - се погодуваше секогаш да сме во собата во исто време.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Влеговме во автомобилот и откако по една турканица ми беше заповедано да седнам напред и никако на ниедно друго место, тргнавме накај мојата фамозна, "смрдлива" тетка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ние сме од Комисијата за чистота, - ми рече најдоминантната од нив, - па, дојдовме да извршиме увид, - а потоа сите три се закикотеа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тетка Олга како постојано да се чувствуваше непријатно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сепак, добро е, си реков, што искористив толку тоалетна хартија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)