чувствува (гл.) - некако (прил.)

Се чувствуваше некако задолжен да работа, оти ќе треба за тројца леб да вади. Ha вториот ден се бери сповојница.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но нешто ми недостасуваше во мојот живот па и покрај блиските роднини и многуте приатели, се чувствував некако не комплетна...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се чувствував некако уморна од работа, постојано селење, грижа за сопствената егзистенција и, секако, немањето пари.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Одам до комодата и вадам малечко парче хартија со лотосов цвет на него.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го голтам, го вклучувам телевизорот, седнувам на креветот и чекам. 4.00 Се чувствувам некако чудно, помалку затегнато.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но со тоа тело над себе, со неговите раце околу себе, таа се чувствуваше некако нестварно природно.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Австрија е целта во некои пошумени долини што заплашуваат со засенчување, над коишто небото е мало, често смрачено, а целиот простор макар колку да ти се чини како да ти е при рака, сепак, се чувствуваш некако потиснат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бев збунета и вознемирена. - Нема потреба од вознемирување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се чувствував некако понижено и навредено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Демек, тие се супер, а ние сме никој и ништо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се чувствував некако поделена на две: штом едната Јас ќе помислеше на сините очи на Мартин и на неговото светло, нежно и малку бебешко лице, со мало перче руса коса небрежно падната врз челото, другата Јас веднаш ќе ги здогледаше темните очи на Игбал, длабоки како ноќ падната врз неговото чоколадно лице.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ниеднаш не беше свикнат да не мисли на ловот пред тој да биде уловен и сега се чувствуваше некако празен од таа своја помисла.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По ден, тогаш веројатно по последниот јасник во таа илјада осумстотини триесет и петта година, додека светлоста откосо се ближела кон рудината на која стоеле, нејасноста во очите на видовитиот не можела да им стане водач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекале некој нешто да објасни. Како да се надевале дека со него ќе е мртва и големата сенка што ги следела ноќе, се надвиснувала над нив, им ја пиела срцевината. Се чувствувале некако свечени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега таа се чувствува некако посрамотена.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Јосиф се чувствуваше некако секаде и над сè, како да беше во состојба на просветленост.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Па имаш ли некоја желба?“ Настојува тато, „освен онаа да купам авто и да станеш брат, како Ташко!“ се смее тато и погледнува накај мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се чувствувам некако засрамен: и заради желбата за автото, и заради желбата да станам брат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)