чувствува (гл.) - слободен (прид.)

После ова посилниот се чувствуваше слободен.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Има карма која ме тера да се чувствувам слободна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дончо се чувствува слободен штом го нема Мурџо и сака да пронушка околу куќи, тој не ни знае какви овошки има бабата Перса, само штом ќе го направи првиот чекор и тоа на онаа страна каде што е куќичката на Мурџо, Мурџо застанува пред него со оклештени заби.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сега веќе не одам на работа. Се чувствувам слободна.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Почнав да се чувствувам слободна, да ја дишам убавината на животот и да чувствувам љубов.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Повторно се чувствував слободен со своето лошо име Лем.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)