чувствува (гл.) - виновен (прид.)

Тој успеал пак да го пресврти воспитачот и јас сега немаше зошто да се чувствувам виновен пред него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Секако, на крајот тој и стана маченик.” •Дали Клиф и Ен се чувствуваат виновни поради тоа што на извесен начин се радуваат на фактот дека човекот е убиен и дека повеќе нема да им пречи? •Хичкок: „Несомнено, иако тие, во својата совест, не се ослободија докрај од него.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Моравме да ја менуваме положбата на проекторот секој пат кога се менуваше аголот на камерата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тој мора да се избори за својот пат; во тој случај пациентот не се чувствува виновен.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
•Филмот доби еден „Оскар”, зарем не? •Хичкок: „Да, за најдобар филм на годината.” •Тоа е единствен „Оскар” што сте го добиле? •Хичкок: „Јас никогаш не сум добил Оскар.” •Но, сепак, тој за Ребека.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Хичкок: „Секако. Грејнџер се чувствува виновен - исто толку како да ја убил својата жена со сопствени раце.” •Како ја остваривте онаа сјајна сцена со вртелешката? •Хичкок: „Тоа беше најкомплицираната секвенца.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Првиот повторно прашува: „А што е тоа MacGuffin?“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На пример, никогаш не го сфатив конечното објаснување. •Хичкок: „Објаснувањето е дека Макс де Винтер не ја убил Ребека, таа извршила самоубиство бидејќи имала рак.” •Тоа веднаш го сфатив, но дали тој се чувствуваше виновен? •Хичкок: „Не.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
СЕ СКРОТИВ
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сакаше да биде строг, ама очите му се смееја кога ѝ рече на мама: „Ти велам јас - син ти многу брзо расте...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По сето она што се случи, пред тато и мама се чувствував виновен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не се чувствуваше виновен, но мораше докрај да му се потчини на бесот на директорот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сепак, речиси бев уверен дека тој ги сфатил причините за мојата несигурност и збунетост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А притоа се чувствував виновен бидејќи верував дека Даскалов помислил оти изразувам недоверба или воздржаност кон неговите совети.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете толку знам, господине судија. И, се разбира, зарем има потреба да кажам: не се чувствувам виновна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но смекнувал, во него надоаѓал прилив на позната растревоженост. Се чувствувал виновен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ја натерам да се врати, мислел, зашто немал каде да ја води; таа, со спокојно и некакво чудно безживотно лице од работилница на мајстор што од румен восок може да измеси млада светица, го чекала задуван и зол како човек што е осуден да се соочува на секој чекор со призракот на својата необична младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Невиното пиење е оправдано пиење: свадби, разни свечености, официјални ручеци”, објаснува Џонатан.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во 17.37 веќе сите се чувствуваат виновни и заминуваат. 18.00 Понеделничко расположение.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секогаш кога го правам тоа се чувствувам виновна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Доаѓањето на Ивана, Отец Симеон сериозно го сфати но не сакаше да се издаде како што не сакаше да се чувствува виновен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сигурно и за Арафат, во драматичните настани кои се вестеа во неговото парче на Палестина, средбата со мене во Париз беше епизода подложна на брз заборав, кога непосредните интереси не притискаат!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се чувствував виновен поради мојата немоќ да повлијаам преку малата земја која ја претставував, земјата од која потекнував имаше слична судбина на палестинската, во однос на распарченоста во повеќе земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А и писма не ѝ пишуваше... Можеби се чувствуваше виновен.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нема потреба да се чувствуваш виновен...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во 39 скалила тој можеби се чувствува виновен поради тоа што жената е така очајна, што тој не ја штити доволно, што е безгрижен”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не бев со нив кога ги собраа и одведоа, затоа и не можам да не се чувствувам виновна за нивната смрт, па иако јас, лично, го избегнав тешкиот прст на судбината поради околности кои не можеа да им наштетат на жртвите", си спомнуваше таа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И згора на сѐ, како шлаг: „Заборави ме брзо бидејќи, како што велиш и самата во писмото, заборавајќи ме мене ќе заборавиш дека и синчето личело на мене“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира, знаел дека неговата одлука не е в ред, и таквата помисла многу придонесувала да се чувствува виновен, но сепак оценил дека разделбата е најдобриот крај за оваа врска.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Отидов во тоалет, ја пуштив водата од чешмата за да го придуши звукот и се обидов тивко да повраќам дури од мене не излезе последното конче месо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Маци... Маци! Не сака да излезе сега, истрауматизирана е, - велеше за да направи да се чувствувам виновна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Се чувствувам виновна - јас радосна - а толку небиднини има во светот! па и рекламиве - Среќна...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Супер“ „Супер“ Филип загледуваше де кон палавите девојчиња, де кон молчаливите Влатко и Теми, небаре се чувствува виновен, си ги затна ушите со дланка: „Доста де, тапанчињата ми ги дупнавте“ и се сврте накај Влатко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Зедов обврска да ти го чувам станот. Се чувствувам виновна.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Знам и понекогаш се чувствувам виновна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По додека ќе трае“, му рече со сосема благ трепет во гласот, како да се чувствуваше виновна за тоа што го рече, а сепак го рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така ѝ треба – си мислев – згрешила, нека страда сега.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Напротив. Ми беше драго што е таква нерасположена и што се чувствува виновна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)