чита (гл.) - опасност (имн.)

Се чита опасноста од губење на локалните обележја на малите пред големите култури.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа и посебно внимание во дијалогот на двајцата интелектуалци му се посветува токму на Фаик Коница: ...нашиот Фаик Коница во битката на европските идеи не го претопил своето балканство во европејство, за тотално расчистување со својот автентичен идентитет (како што ќе го направат тоа многу балкански интелектуалци, како романските на пример, меѓу кои најкарактеристичен е случајот на писателот и филозофот Емил Сиоран, кој си поставил за императив или да пишува на француски како Француз или да се самоубие), туку останува доследен на своето балканство односно на албанскиот идентитет, јазик и литература, бранејќи ги со своето прво име Фаик Коница; но паралелно останува доследен и на своето европејство (што го искажува со совршеното пишување на француски јазик, на кое му се восхитувал Гијом Аполинер...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)