чини (гл.) - колку (прил.)

Го молиш Бога да заврне, да направиш пауза и да седнеш во „Посластичарница“, каде што првпат јадев кремпита, или во ресторан, каде предјадењата беа доволни да се најадеш без да поминеш на главното јадење, а чинеа колку ѓеврек.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се возевме наоколу цел ден, а тој седеше на задното седиште и ми раскажуваше приказни за Холивуд од старите денови, а потоа застанувавме кај „Gour- met Chalet” да купиме стек за неговата вечера која чинеше колку една моја дневница.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)