чини (гл.) - на (предл.)

После меѓата ако не му чини на некого, ти ќе си бараш работичка, ние ќе си бараме измеќар.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Незгодата е овде што критичката мисла засега едно дете, изведено не по свое барање да го ценат, а како што му се чини на уметникот, кој е сега готов да мине во друга крајност, некако силум привлечено во вителот на оние суетни работи околу кои се ломат амбициите на големите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
По таа причина поубави му се чинат на човека речиси само оние наречја и говори што ги слуша тој или ги има слушано почесто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Фимка оди пред себе, во пазувите со обете раце го стега букленцето. чиниш на градите носи доенче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ноќе Богдан ги гледа јадрите и блескави ѕвезди спуштени над него, чиниш на дофат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сега мислам дека зачестениот жанр на речникот - којшто ги напушти своите лингвистички рамки и се пресели во книжевност - во постмодерното време не е поттикнат од носталгија, како што се чини на прв поглед.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А можеше да биде и поинаку, ако сега тие тројцата - таткото, другата жена и братчето ѝ се чинат на Марина нешто посебно, друго, и уште повеќе ја тераат да се чувствува осамена.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Дедо Димо слушаше со наведната глава, гркланот му подрипнуваше, се топеше од блаженство, му се чинеше на стари години ќе заплаче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога запреа дождовите, им се чинеше на луѓето како да испловеле со коработ од Ное на некое ново, непознато место.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие изгледале мудро под црните забратки, очите им биле врели од страст да победуваат. Или само така му се чинело на зашеметениот поп.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На светот му бил нужен нов ред, некој морал да ја обогати иднината со нови убавини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не разбирам! - Владетелот најголемо добро му чини на народот кога зло не му чини!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На пример – некој се испосрал на сред собата, некој ја заглавил перницата меѓу решетките од прозорецот, трет го послал чаршафот среде собата, четврт им ги скрил под својот душек влечките на сите со кои е во собата…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Повелете во нашата продавница која е на излезот – тука се делата на нашите драги пациенти: чорапи и шалови, ноќници и фустани, марамчиња и крпи, предмети изработени од дрво,“ ми рече доктор Гете, а потоа продолжи да ми раскажува како се живее во Гнездо: „Будењето е во шест – прво се чисти она што се растурило во текот на ноќта, под надзор на болничарките, а тоа не е едноставна работа, како што може да ви се чини на прв поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Што ако цела сала ќе ги наврти кон нив прекорните погледни, толку да им чини на самобендисаните.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ако среде чепкање во носот ги полази некоја зелена или златокрила мува веднаш ќе се обидат да ја плеснат по газ со обете раце како да го упатуваат својот единечен аплауз баш кога не му е време.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)