чешла (гл.) - коса (имн.)

А саканата моја во собата своја заклучена и натаму си ја чешлаше косата низгрбно, и ја врзуваше во опашка, со истата врвка со која во третиот чин Николај Дмитриевич ќе ја задави продавачката Љашченкова.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Пелагија престана да ја негува Пелагија, не ѝ го негуваше лицето, не ѝ ја чешлаше косата, не ја капеше еднаш неделно во дрвеното корито среде одаја, туку еднаш месечно, фустаните ѝ ги врза во бовча а бовчата ја напика под одарот, убавото, мургаво тело ѝ го пикна во стари војнички пантолони, цврстите гради ѝ ги стегна со стишно плетена блуза, косата ѝ ја напика во црн каскет и од мома ја претвори во бербатен маж.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- За нас жителите од езерово најголема чест е да не проголта кралот Вок и да не претвори во опашка од златна риба со која си ја чешла косата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Прилично замелушен, ѝ дозволи да ми го слече палтото, а таа веќе вади црн креон од чантата: - Вака ќе изгледаш позагадочно – ми ги продолжува веѓите, избелува образите, ми ја чешла косата зад уши: - До-бро! Сега, создавај атмосфера.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)