чекори (гл.) - полека (прил.)

Забележливо витка. Грациозна. Чекори полека. Достоинствено. Фризурата крената; косата собрана на темето. Разголен врат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чекорат полека. Еден до друг.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Гледав пред себе и чекорев полека оддалечувајќи се со нејасни мисли: се заплеткав во политика, бев антидржавни.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се виде како чекори полека кон циркуската кола од која секогаш низ лимена лула благо пробиваше чад.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чекорат полека кон тоа, белото, треперат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чекореа полека, чекор по чекор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)