чека (гл.) - само (прил.)

Мајка со последните сили ги довршуваше преостанатите работи на денот, кои ја чекаа само неа, и се предаваше на лека дремка, во која сонот беше разблажен од содржината на разговорот на Татко и побратимот на чардакот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Под звездено стебло колку што трае Бог ќе чекам зашто не чекам само за себе да видам како се здружуваат коските на едно исто тело, како се извишува в троено делото на нејзиното величество – Татковината!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ја чекав само да ја испразнам бешиката.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Маската падна, - рече татенцето со победоносен тон како да го чекал само овој миг, - маската падна, - повтори, камуфлажата не трае долго, како пудрата што кај нечесната жена се брише (уште спореди татенцето), - како пудрата што не може да го прикрие лицето на нечесната жена, додаде некако деликатно, искусно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И одеднаш пред него се испречи бушаво планинско човече, непотстрижено откако е родено, со чпртав нос, со очи на див елен, човече кое чека само да му тутнеш нешто в муцка, па да ја смагли во шумата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Како да знаеа дека нивната работа е завршена и се чека само на еден формален акт којшто ќе го потврди нивниот триумф.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Провокаторите беа станати. Чекаа само знак да дотрчаат до мене.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)