чека (гл.) - надвор (прил.)

Од некаде ги раздвижи оние што беа во собата и оние што чекаа надвор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јон чекаше надвор, додека, сета збунета, таа влезе дома да го најде лонецот за млеко.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Не сум го видел. Јас го чекав надвор во џипот, немав пристап ни во нивниот поплочен клозет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
— Вие чекајте надвор, им велам на криминалците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одеше со неа и на работа и додека таа позираше како фотомодел или како манекенка на ревии, тој ако не можеше да влезе внатре, ја чекаше надвор за да ја придружува до дома.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој сега те чека надвор и штом ти ќе излезеш, еве го кај мене.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)