чека (гл.) - малку (прил.)

АМПО: (По него, со бебе во пелени.) Чекај малку, татко!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Чекајте малку. Таа прво живееше во една куќа на оној рид, а потоа се пресели во една зграда на четвртиот кат.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Но беше доволно бистар да не оди далеку, зашто знаеше дека сега неговиот пријател ќе го викне и, кога Милан не му зборуваше, мачорот не се враќаше веднаш, туку чекаше малку да му се умилкува, нешто што беше добро за гордоста и самопочитта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ме чекаше малку напор со испитната сесија, но се надевав дека ќе успеам сите работи да ги средам на време и се молев на Господ да биде со мене кога ми е најпотребен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
АМПО: Море, ми ги наполни ракавите, куче кучешко! (Ѝ го дава бебенцето на Цонка.) На ти го, баба Цонке, доста го носев.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)