чека (гл.) - нов (прид.)

Ја свртев и третата страница на неподврзаната книга. Ме чекаше ново изненадување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ме чекаат нови случувања.... на мостот на воздишките. Сонот!
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Мирната река на животот подготвена е за студените есенски ветрови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, здивот на непознатото бара нова изгубена душа, сребрената месечина чека нов осамен патник.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Додека чекаше нова карта или по делењето, се загледуваше во трите ѕидови на чардакот, делови на Татковата библиотека која завршуваше во неговата работна соба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Следниот ден ме чекаше нова претстава.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Па ждригаат, рикаат, чекајќи нови дресерки, нови некои жолтеникави.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Чекаме нови затвореници, пуштени на слобода.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Штом густата лепливост ќе му го ослободела разумот, околу него си се намалувало, и звук и облик, и тој тогаш не ја стискал коскената дршка на ножот и бил без она свое чувство дека однегде ќе го стаса брз удар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но секогаш го чекале нови искушенија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И како целта да им било тоа чудо со празни очи на издолжени прозорци, како на тоа место со неколку искршени и безживотни стебла да ги чекал нов и величествен почеток, ги забрзале чекорите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред да се стемни, виделе од далечина урнатина на кула или на манастир, костур на вчерашен живот, ред камења или спомен на иноверска одмазда или на заборавен земјотрес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вели, по офанзивата на Грамос, иако не нѐ уништија, нѐ чека нова.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Горе, на свијокот: се проби во шумата сноп светлина од фарот на камионот предводник на колоната.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Треба уште да се спомене барем делото на Piter Bogdanovich (Разговори со Хичкок, кои се некаква претходница на Трифоовата книга). Margina #21 [1995] | okno.mk 43 МАЈСТОРОВИОТ ПОТПИС За време на снимањето на Станар (The Lodger 1926), Хичкок забележал дека на сцената има малку луѓе; наместо да ги чека новите статисти, тој накратко самиот застанал пред камерите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Додека ептен не се стемнило редно е да се потроши уште некоја насмевка и да се направи уште една пируета во бескрајот на детството секако ќе има време да се забрише и правта од чевличките, малите бели чевлички па сите срамежливи погледи и палави мечтаења и сновиденија да се стуткаат како алишта во куферот има куфери што набабруваат од насмевки пред за последен пат да застанат на перонот на црната неизвесност тринаесетгодишната ханичка брадјова тринаесет пати се закашлува пред да се качи во возот кој има само последна станица ханичка тринаесет пати се сврте кон багремите кои од навика чекаат нова пролет за расцутување фрли поглед и на омиленото бело облаче на кое гулабицата неуморно павташе над седалото за недосмеани насмевки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Игор Лозински сепак продолжи: - Така, човекот спасувајќи ја чистотата на Езерото која ја обновуваат изворските води, може спокојно да ги чека новите дни.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ќе прашуваат: каде ќе го чекате новиот век, што мислите за векот што изминува?
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)