чека (гл.) - друг (прид.)

До дома си појде трчанка, без да ги чека другите деца и уште од порта го фрли сакулето, го дигна ковчегот, зеде една поскура и сирење, што беше го донесол татко му од гробот на дедот Горета Дојков, и излезе на чардачето да повечера Гризејќи од поскурата и сирењето, не можеше да се смири.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Страотниот стратешки предизвик ништо не гарантира однапред, дури ни пресметката (везден нужно спекулативна) дека контра­дикторниот предизвик уште и би можел да ја влоши состојбата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Друг пример: неоткажување од идејата за меѓународно право, од нејзиниот несомнен напредок поентиран во институциите; одново да ја потврдиме таа величествена идеја на продуктивен начин што го рес­пектира континуитетот, а едновремено да не престанеме да ги анализираме и крити­куваме (не само теориски туку и практично) сите премиси што ја поттикнале одре­дената организација на тоа меѓународно право, можната мистификација на неговите референци, неговата преобразба во корист на одредени интереси, дури, како што споменав предмалку, треба да се деконструираат (исто така, следејќи еден начин, но веднаш, не чекајќи друг начин) терминолошките и историски граници на тие инсти­туции на меѓународното право, секако, зборувам за ОУН и за Советот за безбедност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За политиката одлучувале тела кои биле потполно надвор од СОЕ, СОЕ единствено можела да каже што мисли за оваа или онаа политика и тогаш да чека други да одлучат каква политика ќе се избере.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ја чекаше другата страна на неговата моќ...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во кујната, не чекајќи друг да каже збор, самата си ја фалеше својата наводна умешност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сè повеќе му се креваше цената на знамето додека најпосле дедо ми не викна: - Наполеон давам- на што Петре Питропот, не чекајќи друг да се јави, зашто повеќе никој не би дал, извика: - Твое е, кираџи Крстине.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А, моите лаги,исти секој ден, исти, смешни и проѕирни: „Па немаше автобус, кочан се сторив на автобуска...“, па „ми побегна пред нос“, па „се расипа на ’Јаја Паша’, па „чекав друг да дојде“ и сѐ така...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Автобусот навистина се расипа, а работниците излегоа на улицата и застанаа да чекаат друг автобус, нервирајќи се дека ќе закаснат на работа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тој е, се врати, без вина никој не векува в затвор, а таа, ако чека друг, ако се надева на скокотлива ноќ, се излагала, тој сега ќе е стражар над нејзината постела.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Затоа што таму некаде ме чекаат други нешта. Таму каде што припаѓам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во дворот чекаа другите, неистрижените, повисоките одделенија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кон нас дотрчаа уште двајца од нашите, облечени во германска облека, и соопштија дека сите луѓе од вагоните се симнати за да чекаат друг воз.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Овде го чекаа други грижи, реални, допирливи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Автобусот навистина се расипа, а работниците излегоа на улицата и застанаа да чекаат друг автобус, нервирајќи се дека ќе закаснат на работа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)