чека (гл.) - без (предл.)

Ајде, Доцко, многу си задоцнил! А да знаеш каков касмет те чека, не би ни кинисал!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Поседнале со темни мисли под јакуцките на гуњите да сраснуваат до суровост со изѕемнатата земја, колку-толку заштитени од студот со веленца и кожи или черги, и пак чекале без сигурни предвидувања како ќе се заврши сето тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекај без гајле, стари Циганине.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Запалиле огнови и се собрале околу нивното крцкаво и шушкаво потрепетување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)