чека (гл.) - другар (имн.)

„Ќе се истргнам и од овој мрак, ќе го истресам правот што овој пат и на овој пат легна врз мојов шинел, ќе се истурам на широк мегдан, ќе исчекнам и не итаница, ами полецка ќе стигнам онаму кај што ме чекаат другарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но доцна е: вратата е веќе затворена. Надвор ме чекаат другарите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Поарно тој да ги чека другарите таму отколку тие него.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)