цути (гл.) - како (прил.)

Проклет да бидам, на сите сектори лагата цутеше како пиреј. Се колнам, стоотстотна лага.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Уште во цутот црешите дека не се како маслинките, па да даваат најмногу дури кога се смачкани.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Нивниот бизнис цутеше како липите низ Скотје па беа повеќе ангажирани околу миљонските зделки за хотели и одморалишта.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Така велел талмудот, сетики за луѓето кои пред да бидат смачкани не цутеле како цреши.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)