фрли (гл.) - пушка (имн.)

- Може да ви е нарачана киската, вели Маса Кулумоска, дали клале леб на киската, како го скршиле лебот, вели, и дали фрлиле пушка?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш задишано дотрчал курирот од соседната чета и на командантот вака му рапортирал: „Војниците од непријателот, Бог знае од што и зошто, во еден миг се кренаа од рововите, од скрките и доловите, ги фрлија пушките и патроните, мините и ракетите, ножовите и бајонетите и со стихови кренаа кон нас.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Така...” ја фрли пушката и избега кон шумата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Каде е сеизот? - праша Гоце. - Побегна, Гоце, побегна! - одговори еден од четниците.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сеизот, кога ги виде вооружените комити, се уплаши, веднаш скокна од коњот, ја фрли пушката и ја спрашти да бега по патот кон Струмица.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)