фрла (гл.) - умрен (имн.)

Луѓето гледајќи го клисарот Нестор, како, по наредба на власта, ги фрла умрените во варницата со жешка вар, си правеа крстови, си го запишуваа името на нив и молеа, оставаа аманет - ако умрат да не се фрлаат во варницата како во пекол, како животни, туку да се закопуваат в земи како што е ред и да им ставаат крстови на гробот да се знае кај лежат, да има трага од нив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Луѓето, гледајќи го Нестора каде што ги фрла умрените во жешката вар, му рекоа: - Зошто, ти Нестор, постојано зборуваше: да не дојде до полошо...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)