фрла (гл.) - светлина (имн.)

Во стварност, човек би можело да помисли дека резултатот на Гедел само фрла светлина врз еден недостаток во делата на Расел и Вајтхед и да се обиде, инспириран од тој резултат, да создаде систем кој ќе ги надмине и Principia Mathemat- ica и Теоремата на Гедел.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Превидувањето е разбирливо, зашто дојдов на уверување дека за Дишан било важно врската со Жари да ја држи во тајност, и дека неговото однесување во тој поглед фрла светлина на целата мистериозно-измамничка поза која тој ја негувал, толку поетично собрана во делото од 1959, With My Tongue in My Cheek (Со мојот јазик на мојот образ3).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Артикулацијата на таа „скриена спротивност“136 што секоја идеолошка порака ја содржи во себе, фрла светлина врз двостраниот амбивалентен аспект на комерцијалната порака.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
За нас, за нашава историја на Потковицата, сите тие љубовни истории важни се не само зашто се интересни само по себе, од литерарна и психолошка страна, туку и дека фрлаат светлина врз меѓучовечките односи во Потковицата, врз политичката определба на луѓето, врз нивните социјални положби, и, пред сè, затоа што најмногу тие го осетлуваат односот на жителите на Потковицата спрема завојувачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Друг принцип врз кој почива културното попречување е надидентификацијата, дефинирана од страна на Славој Жижек како „игнорирање на оваа инхерентно опсцена основа и едноставно земање на дискурсот на моќта здраво за готово, однесувајќи се како тој навистина да значи она што експлицитно го вели (и ветува)“135.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)