фотографира (гл.) - во (предл.)

Тој ме фотографира во моментот кога излегов од шаторот и запиша некои работи: дека учам одлично и колку години имам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Одговараше на прашањата од читателите во весниците, даваше интервјуа, оставаше да го фотографираат во природни и во катедарски пози, стана познато име во пошироката а не само во стручната јавност, па му подаваа стол на која маса и да посакаше да приседне.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По игра на случај, застанаа пред излогот на една книжарница во кој, меѓу другите книги, се наоѓаа и бројни трудови за разни врски меѓу науката и уметноста: Уметност и физика: Паралелни гледања на просторот, времето и светлината од Ленард Шлејн; Книжевноста во квантниот космос на Сузан Стрела; монографии со величествено сложените Манделброови фрактали, како компјутерски генерирани, така и фотографирани во нивните многу­бројни природни манифестирања; конечно, mirabile dictu, календар за следната година илустриран со Да Винчиевите цртежи на разбранувана вода.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)