формира (гл.) - некаков (зам.)

Тие формираат некаков си колективен ентитет кој дејствува и реагира заеднички, се радува на животот но и посебно страда и стравува заедно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Збирот на минутите понекогаш изгледа поголем од неговите составни делови, па четириесет и пет минути не се состојат од една минута, па уште една, и така четириесет и пет пати - кога се групирани, минутите како да формираат некаков пакет, кој е полесно да се проголта како сендвич со шунка, кашкавал, зелена салата и кечап, а не само како сува кифла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)