фаќа (гл.) - на (предл.)

Ги фаќа на покусо, на подолго, ги навиткува околу киските, и пак ги одвиткува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мразулците што се фаќаа на чешмите во дворовите создаваа мали дворци, тврдини, никогаш невидени во животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
ЕФКА: Ајде сега и моето лозје да го развеселиме! (Играјќи отидуваат, последна баба Цонка со бебето.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Ајде свирка, песна, оро! Ајде цело Скопје да чуе! (Се фаќаат на оро сите.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Таман што кумот ја крева ногата да заигра и зинува да запее Антица се пушта од орото и почнувајќи од кумот та до кумата и старосватицата им бацува рака и потоа се фаќа на орото.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)