фати (гл.) - свој (прид.)

И виде како таа само ги погледна ќерките и нежно го фати својот сопруг под мишка, поведувајќи го.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Земанек ја убедуваше дека е возможно и уште ѝ објаснуваше дека јас таа вечер сум ги довел девојките до ситуација да пукнат од смеење, оти сум ја споил таа акробатска способност со мојата смисла за хумор и книжевност, па сум играл една епизода од Декамерон на Бокачо, во која наивниот и глупав сопруг никако не може да се качи на скалата од таванот, за да ја фати својата жена Петрунела како со својот љубовник води љубов; а не може да ги фати, затоа што не ја потпрел скалата на ништо, па штом се качи, се занишува и веднаш стрчнува надоле, од другата страна на скалата, за да не падне.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Други сакаа да прошетаат крај реката. Цветан Горски си фати свој пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)