фати (гл.) - негов (прид.)

Со такво расположение Толе ја преседе ноќта по борбата во Полчишта и во зората го дочека и Мише Ќосото, кое оваа ноќ ја проведе со тетка си, и уште неразденето си го јавна коњот со дисагите, полни месо, леб и алва и си ја фати неговата златка Сливина, да си го продолжи својот стар занает — арамилакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа ја подаде својата рака и ја фати неговата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во Битола Ѓуро не заборави да издејствува помилување и за своите двајца четници Колета и Стојана, но додека тој се задржа таму да ја положи клетвата и го утврди „посрбувањето", наредникот успеа да ги фати неговите четници и една ноќ ги „суреди" обајцата со ладно оружје — по еден штик во градите — и ги закопаа во грмаѓето Уровички.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ќе појдиме ние со Ќосото до кај Папради да ватиме врска со Градешница, а вие денувајте тука.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, Татко не знаеше како да го советува кој правец да фатат неговите деца.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)