фати (гл.) - в (предл.)

Да бидеш суров, против една суровост, со која сѐ уште не си стасал да се фатиш в гуша и да ги одмериш силите, да ја изостриш својата суровост во себе до секавична острина и да бидеш постојано буден против неочекуваното, ненадејното.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Едно време едни ловџии фатиле в планина еден арслан, го врзале со јажиња и пратиле едного од другарите в град да донесит синџири за да го врзат појако и да го носат без страв.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Како ѕвер фатен в клопка, Џемал-ага лудее, удира со прангите, ги крши вратите, ги копа ѕидовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дедо, комита, знаеш. Скитал, бегал, тепал, ама и комитата најпосле ќе се фати в мрежа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пушките ги испуштиле и се фатиле в гуша. Јас клекнувам и нишанам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој фатил в раце едно парче коса, ја врти меѓу прстите и вели: барем не ќе морам под капа да ја кријам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Има и кавги, Ќе се истркала некој полжав пред туѓа мотика, и едниот ќе рече: мој е полжавот, а другиот: да беше твој, ќе беше пред тебе, ќе рече и ќе се фатат в гуша. Па ајде, брани откинувај.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)