фати (гл.) - корен (имн.)

Носејќи ги така стебленцето и земјата, без да биде сигурна дека ќе фати корен во новата земја, мораше да жртвува и да остави неколку Таткови книги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Почна да се шушка дека организацијата фатила корен и во гардата, па дека дури им пристапил и еден полковник.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во тие услови си­гурно фатил корен и митот за Сизиф.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А да си останат османизмите кои фатиле корен во нашите јазици, се влеале во крвотокот на секој јазик, како што обично велиш.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За среќа на едни, за несреќа на други, никнуваа како печурки повеќе вештачки јазици, но никој не фати корен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И судбата сакаше сталинизмот да фати корен во татковата родена земја Албанија, а да се откорнува во земјата во која живеевме, во Југославија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Размислував за оваа позиција на генералниот секретар која никако да фати корен во нашата дипломатска традиција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нациите овде тешко ќе фатат корен.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)