фали (гл.) - на (предл.)

Е па, тој Миклош, едно доаѓање, веднаш ѕиркаше во везалото на Калија да види што направила таа за тој ден, и уште пред да види, почнуваше да го фали на унгарски.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ме резилиш пред луѓево. На ништо не личиш. Како вдовица. КРТОВИЦА: Што им фали на вдовиците?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
- Што му фали на народот? Народот си е добар! - викаше Мирољуб - Ти со тие интелектуалци?!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Им фали на ел-ејските балкони онаа примарна, суштинска, есенцијална балконштина наречена „гледање сеир“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Што му фали на стариот си реков, па потоа се сетив дека целото столетие, што скоро привршуваше и во кое д-р Астерид го напушти стариот континент беше еден век на истоштувачки војни, непријателства, судири, тортури, масовни истребувања и човечки страдања, невидени дотогаш.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Си се стуткал тука се тресеш како вдо… распуштеница. Мајтап си играат со тебе.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)