учи (гл.) - занает (имн.)

Таму тој учеше занает како и сите негови другарчиња.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Времето течеше по болници, по санаториуми, на некои курсеви каде ме тераа да учам занает. Научив да стрижам кучиња...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гледај, Стојче! Учи занает! Кога ќе пораснеш, ќе ти треба.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)