учествува (гл.) - со (предл.)

Југословенските претпријатија го покажаа својот традиционален интерес за велесаемот и на него учествуваа со многу квалитетна стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
2.  Акционерското друштво е трговско друштво во кое акционерите учествуваат со влогови во основната главнина, којашто е поделена на акции.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд Скопје I – Скопје е: XIV П.бр. 2264/00.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На таа прва приредба ние -првачињата - учествувавме со едно рециталче за буквите: триесет и една буква, триесет и едно прваче бевме присутни на сцената и како декор, како венец од најубави цветови.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Музејот на современа уметност од Њујорк беше подеднакво дарежлив во своите позајмици; иако одби да учествува со делото „Да се гледа одблиску, со едно око, скоро цел час“ (1918), детална студија на стакло за еден дел од “Големото стакло” (дело кое како и „Големото стакло“ е многу осетливо и кршливо), музејот се согласи да ја позајми својата голема моторизирана конструкција од 1925, „Ротирачка хемисфера (прецизна оптика)“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се разбира, од суштинско значење беше да се обезбеди соработка со Филаделфискиот музеј на уметноста, кој ја позајми, покрај многуте други и прославената „Стриптизета која слегува по скали“ (1912).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Точно е тоа дека уште од прво одделение, поточно од првата училишна приредба, имав голема желба да свирам во мандолински оркестар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Петто, наместо исплата на 50 просечни плати за набавка на опрема, се пропишува исплата на средства до 200 просечни плати при што барателот мора да учествува со 20% од средствата, а износот на доделените средства може да биде најмногу до висината на имотот и трајниот капитал на барателот, кој мора да достави хипотека и 2:1 или гаранција за остварените средства.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)