упати (гл.) - кон (предл.)

Прв Чанга го крена погледот и го упати кон сликата на која козата го дои лавчето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само црцорот на птиците потсетуваше на другите обични денови. – Ова не ќе е на арно! – промрморе мајка ми и се упати кон кујната во дворот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Едно пролетно утро, искачени на Калето, по обичај, погледите првин ни се упатија кон плоштадот и сега се судрија со една необично подвижна белина што наполно го исполнуваше просторот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога блесна ѕвездата Вечерница, Чанга се упати кон градот со задоволните, најадени кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Едно утро, пред да падне големиот снег, во мугрите, учителот ја зеде Мила и се упати кон планината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Селанецот, со полупразна кошница, се упати кон центарот на градот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тие го минаа центарот на градот и, по една мала тесна уличка, се упатија кон крајот на градот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Песната упатена кон пчелите и ритмичното удирање на казмата ми го вратија спокојството.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа Клара самоуверено ќе ја измазнеше косата, ќе си пратеше бакнешче во огледалото, се разбира, упатено кон нејзиниот лик, за кој таа мислеше дека е крајно отмен, и во цврст од, сигурно ќе закаскаше кон излезната врата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Постелата му мириса на излачениот страв.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И пак: Додека луѓето во страв и ужас се криеја, по келарите од куќите и најдлабоките засолништа, од милијардите ледни погледи на сивокрилните Сили што го затемнија небото, оние малкумина меѓу нив што не најдоа засолништа и се затекоа тука, гледаа во чудото што се случуваше пред нивните широко отворени очи, зашто силна светлина бликна од Светијата над светиите и пред неа се отвори тешкиот превез од прашина што надоаѓаше од пустината, а потоа се раствори и сенката на крилестите Сили што светлината ги претвораше во пламен и пепел штом ќе ги допреше, додека нивните трипати свиени шофари паѓаа во снопот, се палеа од неговата огнена сила и се спепелуваа како и крилјата на сивокрилите летачи што ќе ѝ се најдеа на патот на чистата светлина, додека спржените ангели со ледни очи крескаа во ужас и паѓаа одгоре и допламнуваа, превртувајќи се низ воздухот како огромни пеколни факли, а светлината што бликаше од скутовите на Храмот отвораше пат, угоре, кон чистото небо, та тогаш оние од Израилот што го видоа тоа чудо на светлиот пат што ја спои утробата на Храмот со разгрнатата порта на Небото, посведочија уште едно чудо во кое, полека лебдејќи, по патот на светлината почна да се искачува арката на Заветот со Законот во неа и фати да се оддалечува и се упати кон портите Небесни и кога овие ја примија се затвори капијата на Сводот, превез од темни облаци го препокри затвореното небо, а зракот од срцето на Храмот полека почна да слабее сѐ додека наполно не згасна, та во Светињата над светитите ја немаше веќе самата Светиња во која престојуваше Зборот Божји, а за земјата немаше веќе Законот Негов, само студениот ветер на темните Сили...  Доктор Корец ги отвора очите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше недела, ден на викенди, кога се упатив кон Халкидик. На патот - врвулица од коли.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ја одминав црквата и се упатив кон постројките на „Халите“, во кои имаше ретки минувачи, а речиси сѐ беше на затворање.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Набавив една карта на градот и се упатив кон мојата цел.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ќе ми паднат в рака... - го стутка книжето и со брзи чекори се упати кон училиштето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Учителката се исправи и, гледајќи зачудено, се упати кон нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го стиснаа под мишки Секула, кој снеможено се држеше на нозете, и со брзи чекори се упатија кон шумата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
По заземањето на Ниш, во септември 1689 генералот Пиколомини се упатил кон Косово.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Зараазен од чума, Пиколомини умира во ноември 1689. Во внатрешноста на Македонија пробив извршил австрискиот херцогот Холштајн кој од кумановското с. Оризари се упатил кон Штип.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ги остави своите непрокопсани кукли да фантазираат, а тој се упати кон штабот на својата партија на улица Бошњачка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Жанко одма се упати кон Серовски и на сиот глас почна да му се дере: - Серовски копанче едно америчко.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
По ова Ламби на 18 октомври преку селата Слово, Радомир, Шиштевац, Диканче, Вратница се упатил кон Косово, а оттаму заминал за Црна Трава.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Потоа војводите веднаш се упатија кон позициите. ...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И, како да сакаше да го оконча мачниот ден, пред конечно да се упати кон библиотеката, Татко ја гушна Мајка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Вратарот се упати кон Татко. Сакаше нешто да му каже, но се двоумеше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Жалам, другар и другарке. Гозбата е завршена. Ајде кај овците! - им подвикна на кучињата, а тие, не баш настроени, се упатија кон плевната, кон своето стражарско место.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Излезе на чистинката, на снежната белина, па чучна за малку, очекувајќи ги и своите следбеници, па кога уште неколку сенки се измолкнаа од под сенките на дрвјата, волкот претпазливо, лесно газејќи по замрзнатата површина на снегот, се упати кон плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се упати кон шаторите, каде што татко му, доктор Коста и инженерот Александар правеа подготовки за работата што ги очекуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вооружен со цврста решеност, потпрен врз мислата дека мора да издржи, се упати кон плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се облече, влезе во колибата за да го ѕирне огнот да се одмори малку и да се исуши од потта, па се упати кон добитокот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Без збор, со спласнат интерес за толку примамливите светулки и играта со нив, Елена се упати кон колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мајка му излезе од дома. Зема од шупата една малечка скала и се упати кон соседниот двор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Најпосле јастребот го исправи својот лет и се упати кон брестовата шумичка на ридот, носејќи ја во канџите својата жртва.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се упатив кон масата за појадок, со надеж дека ќе добијам друг оброк.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имаше излез. На прагот од Атеистичкиот музеј, моите очи се упатија кон Небото...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А тоа со години и години го правам секој ден.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја зедов крпата за лице од клинецот на вратата но не се упатив кон потокот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја поминавме безизлезната улица и се упативме кон широчината. Кај багремите стоеше Пенчо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Еднаш се упатив кон широчината, горд зашто само јас прележав шарлах.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој рече да почекам и се упати кон жената- пајак, која по вторпат беше паднала во својата мрежа и во неа се прпелкаше обидувајќи се да застане на нозе и да излезе од густата преѓа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Купив цигари на првата трафика и се упатив кон корзото, во центарот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќе го бараш Сетворителот и Седржителот за да му заблагодариш што ти помогнал да изградиш куќа и во куќата Ангелот од Курбиново, и стиховите-пеперуги кои излетуваат од твојата уста и ја осветлуваат шумата од костени, во која пладнуваат елени со златни рогови и со сребрен ѕвон ги веселат темелите на куќата и ги озвучуваат ѕидовите, та кој ќе помине крај неа застанува да се наслуша и подмладен да го фати Патот на Апостолите, пресреќен што се упатил кон Бога, како што си се упатил и ти самиот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Оној ден кога требаше да тргнам на мојот прв училишен час, стравот ме натера да ги измолам моите родители да ми дозволат да останам дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лила - најубавата, голема кукла полека стана, си го поднамести фустанчето и скокнувајќи од долапот тивко простенка: „М-а-м-а“, потем се упати кон белото зајаче Џипси и му рече: „Тропни со барабанчето! Треба сите да дојдат на овој собир!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Томо и Славица од игранката во соколааната отпрвин рака под рака, а потоа прегрнати се упатија кон паркот зад стадионот кој беше собиралиште на најголем број млади од тој дел на градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите три со високата Рада во средината, кокетно движејќи се по калдрмата се упатија кон соколааната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поаѓајќи од еротската желба упатена кон објектот на љубов, којашто го организира психичкото функционирање, сексуалниот однос доведува до празнење кое не се исцрпува само во полето на волевата туку и на автоматската моторика, која ја подразбира мазната мускулатура, ендокриниот и кардиоваскуларниот систем.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За да не се најде во пранги на мраз, јато жерави со крици се простило од мочуриштето во кое безгрижно го минало летото и се упатило кон југ.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Жеравот летал – нагонот го водел кон Нил.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Ах, така! - процеди татенцето, го грабна она дрво и нем од лутина се упати кон Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Слегоа од скелето и се упатија кон пченките што почнуваа од зад куќата и продолжуваа непрегледно по целата периферија како зелено море.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се упати кон една од двете соби кои беа на крајот од ходникот, чијашто врата беше отворена.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Среќни двете за моментот на тотална слобода, радосно, со смеење и скоро со трчање се упатија кон Широк Сокак. Веќе беше квечерина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И беше готова порано, имаше време да се подготви, дотера, да се издише и мирно се упати кон излезот од дворот на офицерскиот дом, кадешто веќе ја чекаше Петар.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И тие веќе како договорени се упатија кон долгата патека покрај паркот под Тумбекафе низ кое пролетта тукушто ги беше расцутела јоргованите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Прво што сторив во тие мигови, се упатив кон телефонот да се јавам во земјата, во амбасадата. Телефонските врски беа прекинати.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се упатив кон првиот телефон. Набрзина ги свртев броевите на резиденцијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Погледот го упати кон тврдината Кале, размислуваше неколку мига и потем со извишен, патетичен глас му се обрати на Татко: Понекогаш мислам дека ние го губиме краткото време што ни останува до крајот на нашите животи...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Погледот го упати кон другиот брег на реката, кон извишената тврдина, кон која често со Татко гледаа во мигови кога им запираше муабетот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се упати кон капијата. На вратата стоеше Климент Камилски со букет црвени ружи, облечен во син костум и жолта пеперушка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Закопчувајќи го ременот на панталоните, тој се упати кон прозорецот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ заврши со еден благодарен, скоро срамежлив поглед на Гаро упатен кон неа и со благо замавнување на опашката.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но набргу сите се упатија кон своите куќи. Во црквата остана само слепата Донка која не знаеше што се случува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Елена се упати кон болничката зграда. Одвај ја пуштија внатре. Ја придружи болничар.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја стави во голема кеса, без да ја види Татко или некој од децата, а не сакајќи да ја видат соседите, облечена во неа, па да си поставуваат секакви прашања – од каде ѝ е, какво минато кријат и слично, си се упати кон киното со својот обичен капут кој си го носеше со години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ноќта игуменот чу тропкање по чардакот; наштути, стана од креветот и ѕирна низ прозорецот од одајата; на месечевата светлина го забележа Наќа кој помина држејќи дрво в рака и се упати кон одајата на полковниците.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Каков ли заеднички сигнал ги води сите јагули на големото прекуокеанско патување од слатките континентални води да се упатат кон нивното заедничко плодиште во длабокото срце на Атлантскиот Океан?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој се упати кон говорницата. Овој пат не беше следен од упорниот поглед на Јагулче Дримски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ги упатија кон висока, голема куќа со два балкона еден врз друг, целата малтерисана, бела, врамена во сини оптоки. Сигурно гурбетчиска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од под една бука стана и се упати кон нив висок и строен партизан. Трајче го препозна. Тоа беше Планински.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Луѓето се упатија кон него.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Внимателно го подигнав. Се упатив кон куќата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Не само во насловниот расказ во кој е можеби, највпечатливо и најзастрашувачки, доловена временската празнина, „црна дупка каде што времето умира“, како и губењето на временските координати на нараторот што, истовремено, значи и губење на неговиот идентитет,туку и во бројни други раскази („Футролата“, „Лекција“, „My private Europe“, „The seeker on the way of sound“, „Фото-финиш“ и др.) филозофските размисли за времето, експлицитно или имплицитно, кореспондираат со специфичниот светоглед на авторот, со неговата потрага по самоосознавање, од една страна, но и со неговата благородна потреба да се спротивстави на ентропијата на животот и неговата тривијалност, од друга страна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Иако не можеме без нив. – Повторно со необична леснотија, патникот се истовари од таксито и свиркајќи некоја старинска мелодија („Само еднаш се љуби“!, му текна додека се враќаше во рикверц) се упати кон театарското бифе.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во еден момент мислам дека преовладеа сознанието дека не постои некоја и премногу значајна посебност кај Роман Гигов што би нѐ упатила кон прекарот Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира, мислам на неговото однесување, но и на изгледот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Толку се занесе во таа борба со сатаната, кутриот, што во момент на слабост или на лутина, и тоа среде олтарот го изусти и она што никогаш во друг случај не би го изустил за сметка на оној во кого најдлабоко веруваше, ја раздра по сета должина мантијата и ја фрли од себе а потоа, онака разгаштен, се упати кон надојдената река и повеќе не се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Излегоа од реката и се упатија кон јагнињата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Станаа обајцата и се упатија кон јагнињата. Ги завратија.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ти простувам тебе маченице Пелагијо за сите клетви што си ги упатила кон мене. Биди благословена!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се упати кон лифтот, но на вратата стоеше залепен лист: НЕ РАБОТИ. Застенка и тргна надолу по скалите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Веднаш потоа тој го извади приборот за сечење нокти од неговата розова чантичка, ѝ ги извади очите со малата турпиичка и се упати кон најгустиот дел од шумата, со надеж дека ќе се изгуби и никој повеќе нема да го најде.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Двете колони тенкови, едната од Лерин преку Псодери, а другата од Костур преку Габреш, се сретнаа на крстосницата подолу од селото Желево и се упатија кон Превалот каде владината пешадија веќе два часа води борба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Полека се упати кон Кикицас. Застана на два чекора од него. Се гледаа в очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Благодарам, - тивко рече таа и се упати кон катедрата со несигурни чекори.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ја симнав пушката од рамо, ја ставив на готовс и се упатив кон селото без никаква заштита.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мајка ми, сета расплакана, се стрча кон мене, а татко ми ја остави телефонската слушалка и смуртен, како најоблачниот ден на светот, се упати кон нас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Малчо ги слушаше малку, а потоа се упати кон праската.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Леташе славејот де ваму, де таму, се премори и ожедне па се упати кон поточето да се напие вода.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Пријатен појадок! - му довикна Полжавот и се упати кон соседниот џбун.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се упативме кон тополите. Билјана веднаш се развесели, како пеперутка потскокнуваше и сакаше да ми се откачи од раката.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)