уништи (гл.) - и (сврз.)

Таа ќе биде мој пораз. Ќе ме уништи и пеплоса.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Кои биле нејзините жители, ако веќе биле, постоеле?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто, како инаку да се објасни, ако не со славата и милоста божја, фактот што, ако веќе во Потковицата постоела некаква населба во 12.век, кога Европејците, крстоносците на Боемунд Тарентски, го уништиле Градиште, не ја уништиле и неа?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Истите тие пискарала не се ништо друго освен форензичари на сѐ што е уништено и сите по дефолт се аналитичари, историчари кои само ги анализираат грешките од минатото, а никогаш не даваат решение за иднината, но како главна особина им е лепењето етикети на сѐ што е прогресивно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Буицата, покрај тврдината, ги уништила и ковачките, валавничарските и кожарските работилници подигнати на бреговите на долот, по оттука и името на средниот дел на Голема Вода, на оној од газилото па до долниот раб на шумата на Градишки Рид: Коачки Дол, Кочов Дол, односно Ковачки, односно Ковачов Дол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му закажав војна на инаетот од инает сакав да го згазам и закажав војна на омразата зошто и неа ужасно ја мразам Му закажав војна на гневот го прогонував и кон него се гневев му закажав војна и на гревот за малку и него ќе го средев Му закажав војна на стравот и сакав од страв да го стресам му закажав војна на егото и него да го обесчестам Му закажав војна на лукавиот и лукаво сакав да го сотрам ѕверот се разбуди во мене да го уништам и него ќе морам Си закажав војна со себе безпоштедна со премногу мртви си закажав војна без крај војна со страдања и жртви
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)