умре (гл.) - уште (прил.)

Белким нема да умриме уште сега, уште сме млади, — одговори Јован и пак умот му отиде во Катето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури тогаш сфатиле дека граматикот умрел уште по првата средба со буквите од натписот, и дека, најверојатно буквите имаат смртоносна, отровна моќ за секој кој ќе влезе во одајата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И сите стражари који погледнале во книгата умреле уште истата ноќ, со очи отворени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Патем ни умреа уште два-тројца. И ги испративме со очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го најде и се пријави, но му кажаа дека стариот султан умре уште пред два месеца, а новиот отиде на боиштето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Тој? се зачуди мојата свршеница. - Тој не изгоре. Тој умре уште пред ти да се родиш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)