умира (гл.) - сам (прид.)

Си живеев јас така како цар; и ќе живеев вечно, што се вели, ако еден ден не добиев писмо од мајка ми во кое ми пишуваше: Сине, јас умирам сама, пуста...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Веројатно е така, Штом така неверно ја остави Светлината да умира сама да се бори сама со темнината, а ти удири броиш како Јуда.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Често се пијанеа, меѓу ѕидините на тврдините, но и такви не можеа да го избегнат шумот на водената пустина. Беа отсечени, се раѓаа и умираа сами, беспомошни.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)