умира (гл.) - по (предл.)

На секое разминување умира по еден дел од мене, умира по еден мирис од секој цвет, на измислениот букет кој ми го подари еднаш.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Се кинат птиците, летаат пердуви, ги нападнала орелска и штркелска пипка, врз коритници или врз лелеав шамок плиска крвав дожд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И трепери пред очи, таа едноличност, додека умира по бои разни.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Така им велеле на далдисаните од чекорење Кои никогаш нема да поверуваат Дека во Британија секоја година умираат По триста илјади луѓе од претерана угоеност.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Со дождот паѓаат и крвави птици и се распрснува писок од кој и мртвите умираат по вторпат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тивко, полека умира по еден дел од мојата душа.. а ти молчиш нигде и никаде глас...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)