укине (гл.) - граница (имн.)

Прашањето е, веројатно, бесмислено за самиот автор; тој како да сака да ја укине границата меѓу животот и летературата, зошто и животот може да се чита, а литературата – и да се живее.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во бројни раскази од оваа книга („Лекција“, „My private Europe“, „Поглед од чекалница“) очигледна е, од една страна, авторовата носталгија по минатото кога меѓу Балканот и Западна Европа не постоел „ѕид од свила“(како што метафорички ќе каже тој на едно место), а од друга страна, неговата „ангажирана“ позиција и свест за горчливиот вкус на современоста; будното и секогаш на штрек фотографско око на Прокопиев загрижувачки бдее над овој наш „резервен живот“ „во простор каде е вообичаено ништењето на домовите и приватните достигнувања...“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)