укажува (гл.) - достоинство (имн.)

Исходот од тој родово конститутивен процес се јавува во многу аспекти на формирањето на мажествениот субјект кои се земаат здраво за готово и кои поради тоа се инстинктивни: тие аспекти се движат од чувство дека имаш право на сопствените чувства и мислења до чувство дека имаш јавен свој простор или барем дека во него ти е удобно, до уживање на правото на говор и на можноста да ѝ се наметнеш на група или да ѝ ги наметнеш своите ставови, до запоседнување на сопствена еротска автономија и сопствен сексуален субјективитет. ‌Геј-мажите, тогаш, се и како стрејт-мажите и различни од нив, исто како што се и како стрејт-жените и различни од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не се како стрејт-мажите по тоа што посакуваат мажи и не посакуваат жени; исто, за разлика од стрејт-мажите, тие се асимилираат во женствена родова улога поради насоченоста на нивната еротска желба, дури и ако таа желба се изразува на сексуално агресивен начин. ‌Геј-мажите не се како стрејт-жените по тоа што се мажи, но како нив се по тоа што кон машкиот пол заземаат однос на посакување и што делумно врз таа основа се сметаат за немажествени. ‌Машки субјект на истополова желба, затоа, се обродува на сложени и честопати противречни начини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да те признаат и да те третираат како машко неминовно значи и дека си општествено и субјективно конституиран како машко.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како стрејт-мажите се по тоа што се мажи и што на повеќето од нив, барем отпрвин, им се укажува достоинството и чувството на субјективна ополномоќеност што, главно, им се придаваат на мажите во систем на машка доминација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)