увиди (гл.) - кој (зам.)

Британците можеби доцна увиделе кој ја има наклонетоста на поголемиот дел од населението.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Самиот факт што првите британски мисии при ГШ на НОВ и ПО на Југославија биле испратени во мај 1943 година, зборува дека Британците доцна се преорентирале кон помош на НОВ и ПО на Југославија, а со тоа и доцна влегле во политичката дискусија за тоа какво ќе биде идното уредување во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од сите луѓе коишто ве познаваат, кој би бил во најдобра позиција да прикаже некои детали кои би ми биле од помош? • Како би можеле тие да увидат кои промени во животот вие најмногу ги посакувате? • До кои заклучоци тие би можеле да дојдат во врска со вашите намери за промена врз основа на ова? • Што би можело ова да каже за тоа кој животен стил вам најмногу ви одговара?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие израснуваат од контекстот на дијалогот, и секое од нив треба да биде чувствително усогласено со одговорите на претходните прашања. (а) • Ако јас бев набљудувач на вашиот живот кога вие бевте помлад, што мислите дека би можел да посведочам во прилог на подоброто разбирање за тоа како сте успеале да го постигнете она што неодамна го постигнавте? • Што мислите дека ова мене ми кажува за тоа што сте сакале во вашиот живот, и што сте се обидувале да постигнете? • Што мислите дека би можело ова да ми открие за она што за вас е највредно? • Ако успеете да го задржите ова знаење за тоа кои луѓе ви се најблиски во текот на следните една или две недели, како би можело тоа да се одрази на вашиот начин на живеење? (б) • Од сите луѓе коишто ве знаат, кој би бил најмалку изненаден со тоа што сте го преземале овој чекор на соочување со проблемите на вашиот живот? • Што можат тие да посведочат дека сте правеле, во изминатиот период, што би им овозможило да претпостават дека вие би можеле да преземете ваков чекор во овој момент од вашиот живот? • Што мислите дека ова им кажувало, во тоа време, за вашите способности? • Што би можеле тие да претпостават за вашите цели со преземањето на ваква акција во овој момент од животот? okno.mk | Margina #4-5 [1994] 53 • Кои активности би си ги довериле себеси, земајќи го предвид она што во овој момент го знаете за себе? (в) • Би сакал да ги разберам основите на овие постигнувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)