убие (гл.) - човек (имн.)

Секој кому му убиле човек, вели, ќе биде на другата страна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЈАКОВ: А што, си убил човек?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Судот го пресудил полјакот да го обесат, или да ја земи жената од убиениот чоек за жена, ама ако сакат таа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но ведаш потоа си помислува дека така можат да згрешат, во забуната да се случи некој да пукне и да го убие човекот, а тој може е некој несреќен намерник, некој кого нуждата го натерала по ова време да дојде во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Арно ама, што рекле Турците "шејтан пушт#, беше го убил човекот во лозјето наместо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)