турне (гл.) - во (предл.)

Гетото, синагогите, гробиштата се само детаљ од Прага. Штом ќе се напуштат човек бара веднаш да се турне во бучавата Прага, во некоја пивница за да се оттргне од средновековието.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Целта на прашањата како што се:”Кој од вас, златни, учтиви момчиња би сакал да го земе капутот и да го закачи”?, е децата слепо да се турнат во апсурд и да се примораат да сфатат дека апсурдот е - постоење, да сфатат дека е подобро да постојат апсурдни отколку воопшто да не постојат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Утрото ја најдов книгата до креветот, сум ја турнал во мигот кога ме навалил сонот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Инаку зошто некој го турнал во едно од тие бурињата со боровинки и му го ставил капакот одозгора и да го најдат дури во Битола или кој знае кога и каде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Додека не стигне до трисобниот комфорен стан на најгорниот кат, жена му има време уште еднаш стравствено да се прилепи до телото на младиот љубовник, да го турне во лифтот, да се врати во станот и да чека две минути, три.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Напати знае да казни и тоа веднаш; другпат објавувањето на својата одлука ќе ја одложи за подоцна, но никогаш не ги амнестира нашите грешки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе се потруди на многу начини да ни покаже дека бил во право“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, од сите овие мои објаснувања мислам дека можеш да заклучиш дека ниту со совет а уште помалку со упатство сум ги поттикнувал кај него намерите што можеле да го турнат во некоја неразумна потрага.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да го спомнам и она предупредување што му го реков пред да заминам: „Знаеш, му реков, животот не постапува секогаш на ист начин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таму, иако во зградата се влегува со искачување по неколку скали, не го поведоа нагоре туку го турнаа во подрумот, дното да не му го видиш не пак таванот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вели: „Нам, на селаните, среќата ни е променлива, а несреќата постојана“ , велеше Лазор Ночески и запре возот, штракнаа катанците, штрангите, се отвори вагонот и се рашири некоја светлина што се турна во вагонот што се бувна во нас и што после тргна по нас, и нѐ загледува така - гурелави, со пострупени клепки и усти, потечени под очите, со потргнати образи, обесени, разбушавени и со сламки, со осилки во косата, со кучешки болви; нѐ тераат војници, небаре метилави овци, пропрснати и со подмакани слабини, ни тропаат коските, војникот што ни отвори 119
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како и мнозинството и тие слегнаа со рамениците на таа глупост, и цврсто стоеја на брегот за да не бидат од Судбината турнати во неа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)