турка (гл.) - пред (предл.)

Го турка пред себе, ко преполнета кошница, и вика за помош: — Почекај, ќе го загубам детето!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе до мев ми се искачил, одвај го туркам пред себе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во Полска границата ја поминував пеш, туркајќи пред себе стар велосипед, а понекогаш и нов.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Автобусите доаѓаат на пероните без часовници, се паркираат, шоферите цевчат „скопско“, па си заминуваат, патниците се туркаат пред и во автобусите, порануваат, задоцнуваат, а никому не му е гајле што единствениот јавен часовник на единствената меѓуградска автобуска во Скопје некогаш, некое утро, запрел на 8 и 23.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во сета различност на своите темпераменти, тие се подеднакво огорчени на работата што се принудени да ја вршат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)