тури (гл.) - вода (имн.)

Кога дојде софрата за ставање, Доста стана, го зеде ѓумот и леанот од под ковчег, и, ни пет ни шест, по сиот домаќински ред и адет им тури вода на рацете на машките, ја зеде софрата; а да не поткрева веднаш во ноќвите, ѝ вели на Митра, која тукушто ја извади тавата од оганот: — Дај ми а, сестрице Митро, тавата, отвори го ковчегот и клади леб на синиата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Дури има вода, ќе има и маштеница, вели Јон, оти млеко имаш колку што ќе ти дадат козите, вели, а маштеница колку што ќе туриш вода, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Потоа Христос станал, ја соблекол горната облека, се препашал со крпа, турил вода во садот за миење, па почнал да им ги мие нозете на учениците и да им ги брише со крпа.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Еда, се наведив и Маса Ќулумоска ми тури вода и, еда, ко се исправив, ба му ја, сето водиште ко по падинка, ми слезе в петици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)