тресне (гл.) - по (предл.)

Волшебникот немаше време да се скрие под некоја стреа, па тешкиот камен го тресна по главата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Но, не направи ни шест чекори низ ходникот кога нешто го тресна по тилот, предизвикувајќи жестока болка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А јас, и покрај раната, и покрај страшната болка најспокојно се доближив до господинот Барбашин и кога го треснав по физиономијата...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но гледај: зад ќошето од кошарата некој од ненадеж му се фрли зад грбот, го стисна за вратот, а друг му ја грабна пушката и го тресна по муцката. Полјакот згасна. Потаму - што стана, господ би знаел!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Не знам... - Па сигурно, - се вмешува и кметот, - од кај ќе знае кога силно го треснале по глава!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Волшебникот немаше време да се скрие под некоја стреа, па тешкиот камен го тресна по главата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)