тресе (гл.) - постела (имн.)

А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ги отвараа прозорците да се изветреат одаите, ги тресеа постелите миризбата да им излезе, а кога ќе врвеа крај казаните, скршнуваа од патот не можејќи да ја трпат миризбата; одвај чекаа да фати посилен ветер да го изветрее сето село и да донесе нов, посвеж воздух.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)